Во Охрид победи правото и правдата. Охрид ја доби битката на душата и честа. Реалноста за охриѓани е дека бараат правда, слобода, стандард, принципи и вредности. Народот јасно и недвосмислено ја делегитимира Власта препознавајќи го нејзиното лошо владеење и погрешни политики, велат од општинската ВМРО ДПМНЕ.

  • Благодарност до сите граѓани коишто не поддржаа, за нивната храброст, честитост, патриотизам, како и макотрпна, чесна и достоинствена работа во изминатиот период додека траеше кампањата, но и претходно. Честитките до Константин Георгиески ги испраќаме со порака за успешност во работата на Локалната самоуправа реализирајќи ги сите искажани ветувања. Како конструктивна опозиција уште денеска започнуваме со контрола на неговата работа и ветувања кон охриѓани и ќе бидеме гласен коректор на Локалната власт, велат од ОК на ВМРО ДПМНЕ.

Додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ како победник на претседателските избори во Охрид ја зацврствува својата позиција со освоените гласови што претставува предност и опомена за предвремени парламентарни избори.

OhridNews