На секој чекор дивоградби, а сега и пеплосани црни површини со опожарена трска и ниска вегетација во близина на автокампот „Андон Дуков“ и Св. Еразмо. Вака портпаролот на ОК ВМРО ДПМНЕ Перчо Блажески, ја започна денешната прес конференција, посветена на случувањата на охридското крајбрежје, за што опозицијата ја обвинува локалната власт.
Профитот на СДСМ оди до крајности, се уништува животната средина, се пали трската на крајбрежниот појас, се подготвува теренот за нови дивоградби, а нема никаква контрола од надлежните институции. Остана ли нешто неуништено? Зарем ова е ничија земја? Важат ли овде законите на државата? Зошто нема реакција од Министерството за животна средина и просторно планирање? Охриѓани секојдневно ги гледаат дивоградбите само градоначалникот Георгиески и инспекторите не. – рече Божиноски.

УНЕСКО не сугерираше вакво неодговорно однесување и негрижа за животната средина со уништување на флората и фауната. Свесно се премолчува намерното уништување на природата. Дали ова е начинот на подобро менаџирање со плажите? Црнила во природата, црнила во животот на граѓаните. Нема владење на правото и законите. -истакна Божиноски.
Според ВМРО ДПМНЕ молкот на власта за дивоградбите и уништувањето на трската е еднаков со негрижата за животот на граѓаните.











