
-Ваквите вртоглави милионски суми потрошени пари од граѓаните стрикно само за репрезентации не преставува ништо друго туку јасен показател за недомаќинското работење на СДСМ цели осум години. Низ прикажаните бројки јасно може да се согледа енормното зголемување на средствата за репрезентации и тоа со пропорционално зголемување од година во година со што разликата помеѓу потрошените средства за репрезентации од 2005 до 2013 година верувале или не се зголемени за скоро десет пати. Дури сега е јасно зошто СДСМ нема одговор за поставените прашања од страна на ВМРО ДПМНЕ а чии одговори пред се, се во интерес на граѓаните на Охрид. – беше истакнато на прес конференцијата.
Од ВМРО ДПМНЕ денеска упатија прашање до СДСМ колку пари се потрошени за службени патувања во времето од 2005 до 2013 година, потенцирајќи дека сегашната локална самоуправа, односно градоначалникот Бакрачески и советничката група на ВМРО ДПМНЕ работат домаќински, транспарентно и во интерес на граѓаните.
OhridNews











