ВМРО-ДПМНЕ ги осудува постапките кој што се случија во Чаир и Струга и смета дека сите отворени прашања и предизвици треба да се решаваат низ дијалог, меѓуетничко разбирање и взаемна почит и со респектирање и раководење според уставот и законите како столб на правната држава и демократијата.
-Споменатите постапки се надвор од начелата и не претставуваат добар пример за меѓусебното почитување и разбирање. Затоа обврска на сите е да допринесат за градење на доверба и позитивна атмосефера во меѓусебните односи, истакна пратеникот Александар Николоски.
ВМРО-ДПМНЕ изразува верба во институциите на системот и нивната решителност во спроведување на начелата и уверување во принципиелно надминување на предизвиците, додаде Николоски.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com