Во рамки на акцијата „Нови идеи ,нова сила“ , на плоштадот Крушевска република, кај чинарот, општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ  попладнево постави пункт на кој охриѓани имаа можност да ги достават своите предлози ,иницијативи и идеи со цел подобрување на состојбите во Охрид, а кои би ја надополниле Програмата со која ВМРО ДПМНЕ ќе настапи на претстојните локални избори.

–  Партијата секако дека преку своите Комисии има изготвено нацрт на Програма и проекти за Охрид, но на тоа ќе се додадат и најдобрите идеи на граѓаните на Охрид, како би се одговорило на сите нивни потреби. Притоа пораката е една и единствена : доста е од поигрувањето со Охрид ,доста е од 8 годишното уништување на сегашноста и иднината на градот и доста е од промовирањето на лажни вредности во Охрид. Сите граѓани на Охрид ја чувствуваат неопходноста за промени и неопходноста за нов тим кој ќе раководи со Охрид, а ние ќе ги искористиме сите потенцијали  и човечки ресурси за на Охрид  да му го вратиме достоинството,еднаквоста на сите и шансата за иден развој, рече Паноски.

Како што потенцира потпретседателот на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, Дејан Паноски, најголемиот број од доставените предлози од граѓаните се од комуналната сфера. Додаде дека граѓаните освен денес, своите идеи и предлози можат и понатаму секојдневно да ги доставуваат до општинскиот комитет, а тие доколку се издржани и се во согласност со расположивиот буџет ќе станат дел од програмата.

OhridNews