ОК на ВМРО дпмне, преку соопштени до јавност упати итворен напад кон актуелниот градоначалик и кандидат на СДСМ, Александар Петрески:

„Би сакале да му укажеме на кандидатот за градоначалник на СДСМ Александар Петрески дека Охрид опстојал низ милениумите затоа што во Охрид секогаш живееле и живеат интелегентни, писмени луѓе со одлична меморија. На таквите луѓе им пречи кога некој, на пример Петрески, ќе им каже дека „остварил повеќе од што ветил“ затоа што тие или се сеќаваат или можат да прочитаат нешто што Петрески неуспешно сака да заборават – а тоа е сè што ветуваше Петрески во изборната програма од 2005 година насловена „Секој ден поблиску до целта“.

Можеме на програмата да се осврнуваме точка по точка, но зошто ние би посветувале толку внимание на еден текст што и самиот наводен автор потполно го заборавил, и од текстот, практично ништо не исполнил? Некои изборната програма ја разбираат сериозно и и пристапуваат како на акционен план, додека други, во кои докажано спаѓа Александар Петрески, и пристапуваат како на лажење на сопствените сограѓани пред избори и „мачкање очи“.

Александар Петрески мандатот го започна со целосно прекршување на „времениот мораториум за градба во централното градско подрачје“ (од Точка бр.5 „Урбанизам и комунален развој“), го продолжи со потполно 4 годишно потсмевање на „супституцијата на станбената градба со градба на деловни, туристички и јавни објекти“ (од истата точка) а крајот му го краси делото – наместо „формирање на средно уметничко училиште“ како што најави пред 4 години (од Точка бр.3 „Образование, наука, социјална и детска заштита“) мандатот Петрески и неговиот Совет го завршија со „славната“ одлука за уривање на единственото основно музичко училиште во Охрид, за на негово место да изградат нешто што им е многу помило и на срце послатко – згради, згради и пак само згради.

За „славниот“ отчет прочитан пред „поканетите“ вработени во општинската администрација, и покрај обидите да се прикажат големи успеси  и величествени дела се потврди само она што граѓаните самите 4 години го гледаат – ништо капитално, само редовни задолженија – минимални и нормални за секоја локална самоуправа. Ништо што ке остане запаметено. За чудо големо, низата на самопофалби на Петрески се однесуваат за настани, фестивали и промоции организирани токму од  државата, од Владата со која Петрески упорно не сакаше и не успеваше да соработува. Но , сепак на крајот на т.н. „отчет“ се кажува најголемата вистина и порака на граѓаните која Петрески за жал погрешно ја протолкувал, а  во вистинскиот смисол значи – оди си и  кандидирај се во друга Општина! Ова го пишуваме без желби за навреда и зли намери кон било која друга Општина.

Некој упорно се врти во кружниот тек и не ја гледа реалноста“.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Охрид