Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ се огради од вандалскиот чин кој е сторен на споменикот на д-р Ибрахим Темо во Струга и го осудува истиот. Зад инцидентот во кој на споменикот на д-д Ибрахим Темо со спреј беше испишано ВМРО, според млдите од ДПМНЕ стојат други партии, а со цел вината да падне врз нивната партија.

„Сметаме дека ова вандалско дело е иницирано од страна на додегашниот градоначалник Рамиз Мерко, кој чувствува како го губи електроратот и гледа најголема закана во кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Славко Котески, и нашиот тим кој во својата програма се залага за културно издигнување на Струга и мултиетнички живот како единствен начин да се врати сјајот на градот“, изјави денеска Златко Шундоски од УМСМ ВМРО ДПМНЕ.
Тој рече дека сторителите на вандалскиот чин треба да бидат пронајдени од надлежните органи и да сноста одговорност. Членосвите на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ од Струга ги исчистија чкртаниците од споменикот на д-р Ибрахим Темо, а со акцијата беа опфатени и другите споменици во градот, со што како што кажаа, тие сакат да дадат придонес кон градењето на соживотот во Струга, што подразбира почитување на различните култури.












