ВМРО – ДПМНЕ го отфрли предлогот на СДСМ за уредување на медиуми. Ова го соопшти Илија Димовски пред почетокот на состанокот на работните групи вечерва во Клубот на пратениците, јавува „Телма“.

„Предлогот е фрапантно лош, еднакво лош како што го имаа стариот предлог пред два-три месеци. Ние искрено не можеме да разбереме во какво опкружување работат, размилсуваат и постапуваат овие луѓе. Ова е предлог којшто го нема, не само во ниту една европска држава, туку никаде во светот“, рече Димовски.

Тој рече дека „ова е луд предлог и предлог којшто значи понатамошна деструкција“.

– Очигледно е дека СДСМ е решен да созадава конфликти да создава проблеми да создава деструкција. Знаат дека сите овие предлози не само што беа одбивани од наша страна, беа одбивани од здруженијата на новинари, од експерти и граѓани, истакна Димовски.

Според ВМРО – ДПМНЕ ставањето на маса на ваков предлог е очигледно креирање на нов конфликт во политичките процеси.

СДСМ, пак, не одстапува од нивната позиција и предложениот пред-закон за медиуми, како што велат тоа е нивната црвена линија.

– Нашиот став е јасен и прецизен ние предложивме законска форма во која што ги дефиниравме уште еднаш ги потврдивме нашите позиции. Таа се базира врз прелогот на меѓународската заедница и на огромен процент на размилсувањата медиумската заедница во интерес на граѓаните на РМ, истакна вечерка Роберт Поповски од СДСМ.

Опозицијата нема да отстапи од регулација на медиумите што значи можност на граѓаните да добијат една објективна слика засостојбата во државата. Тоа е црвената линија којашто дефинитивно во интерес на регуларни и фер избори во интерес на демократскиот абмиент. И тоа она кое единствено може да ја води РМ напред во медиумската сфера, рече Поповски.

OhridNews
извор: „Телма“