Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ на првата седница по одржувањето на предвремените парламентарни избори, што се одржа денеска, го овласти лидерот на партијата Христијан Мицкоски да преговара за составување парламентарнио мнозинство, што треба да резултира со формирање на идната влада.

Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ заклучи дека изборите се одржале во недемократска атмосфера со масовен поткуп на гласови спроведен од актуелната власт на СДСМ. Воедно ВМРО-ДПМНЕ забележува и на бројни недостатоци на денот на изборите срочени во приговорите до Државната Изборна Комисија кои беа одбиени, за кои партијата најави дека ќе поднесе тужба до Управниот Суд.

Во едни вакви околности ВМРО-ДПМНЕ ја доби довербата од народот во најголем број на општини, и воедно издејствува поголем број на мандати споредено со партијата СДСМ без коалицијата со БЕСА. Воедно Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ даде насока да се изготви темелна анализа за резултатите од изборите за која подоцна ќе се дискутира на органите и телата на партијата. Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ го овласти претседателот Христијан Мицкоски да продолжи со разговори во обидот за составување на ново парламентарно мнозинство. – соопшти ВМРО ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ изрази загриженост за економската криза во државата и смета дека се потребни активни мерки истата да се надмине.

OhridNews