ВМРО ДПМНЕ е најсилна и најголема политичка партија во Република Македонија со над 150.000 членови, а довербата што ја добивме од народот седум пати по ред покажува дека прераснуваме во сериозна сила на луѓе со способност, верба и мотив да придонесат за натамошен развој на државата.

Со овие зборови лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Гуревски во петокот вечерта ги поздрави членовите на партиското раководство, партиските членови и симпатизери на прославата на 23-от роденден на партијата и 120-годишнината од основањето на ВМРО, пренесува „Мкафакс’.

Груевски истакна  дека партијата во наредниот период партијата ќе остане посветена на три сегменти: промени за подобри и поквалитетни идеи, поголема мобилност и промоција на вредностите, политика на отворени врати, и- лојалност која води до подобрување на стандардот со цел развој на Република Македонија.

„Кога прв пат објавивме огласи за нови кадри некои не критикуваа, но тоа се покажа за исправно. Денес таквите огласи за повикување на образован кадар се начин за мобилизација на стручни кадри“, рече Груевски.

Тој укажа дека ВМРО ДПМНЕ останува отворена и посветена на исполнувањето на стратешките цели на државата -членство во НАТО и ЕУ, нагласувајќи дека пречката која стои на тој пат е двојно поголем мотив со двојно повеќе работа да се истрае на патот.

Груевски, во својот говор, рече дека Македонија во изминатите години доби многу позитивни извештаи од Европската комисија и препораки за почеток на преговорите за членство во ЕУ, по што секогаш следел статус кво.

„Нашиот јужен сосед Грција, за жал, личи како да одбегнува интензивни разговори за прашањето за името заради немоќта на државата и се обидува овој проблем да го скрие под тепих“, рече Груевски и притоа не ја исклучи можноста од нова блокада од Грција и нов изговор за попречувањето на македонските интеграции.

Груевски се заблагодари на Европската комисија и на сите поддржувачи на македонските заложби и бранители на принципите,

„Но очигледно е дека кај некои од нив поважна е политиката од принципите“; рече Груевски и додаде „таквото попречување „нема да не обесхрабри, туку само ќе не мотивира“.

„ВМРО- ДПМНЕ е партијата која го чува грбот на државата“, порача Груевски.

OhridNews
извор:„Макфакс“