ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува Секторот за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство во Охрид да постапат искрено и чесно според законите, за сомнежите кои постојат во однос на исплатата на штетите.
- Граѓаните треба транспарентно да бидат информирани за секое неодговорно работење на Локалната самоуправа. Покрај кривичната одговорност којашто е задолжителна за сите сторители, оваа локална власт, доколку чувствува грам совест, треба да знае дека моралната одговорност е неизбежна, велат од ОК на ВМРО ДПМНЕ.
Оттаму, прашуваат дали вд градоначалникот Георгиески сака да затскрие и други фалсификувања на документи, префрлување пари на туѓи трансакциски сметки, за една иста исплата дадени пари на неколку лица.












