Претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ – Дебарца, Игор Трајкоски со низа обвинувања до актуелниот градоначалник на општина Дебрца, Љупчо Којчиноски за несовесно и недомаќинско работење. Како што Трајкоски рече на денешната прес конференција, доказ за тоа е и начинот на раководењето со буџетот на Општина Дебрца.

– И покрај тоа што Владата со свои интервенции го подигна нивото на приходната страна на буџетот,  средствата во износ од 3 200 000 денари не се рефлектирани на расходна страна за подобрување на стандардите во секојдневното живеење на граѓаните на општина Дебрца. Во јавните ставки како што се јавно осветлување, изградба на системи за водоснабдување, систем за одведување и прочистување на отпадни води, одржување на паркови и зеленило, општината Дебрца не покажала или имала минимални остварувања и зафати, рече Трајкоски.

Како пример за несовесното и недомаќинско работење на градоначалникот Којчиноски, Трајскоки го наведе и даденото, но неостварено  ветување во општинската  програма за 2012 година за изградба на резорвоар за водоснабдување во селото Издеглавје, како и ветената каптажа и доводен цевковод за село Климештани.

– Ветување беше дадено и за реконструкции на каптажата и водоводната мрежа за село Ботун и тоа не е остварено. Ниту едно од овие ветувања не се остварени. Од друга  страна, во склоп на нивното несовесно работење е и неодржувувањето на времените депонии за одлагање на комунален отпад, додаде Трајкоски.

OhridNews