– За Локалната самоуправа Охрид, за СДСМ Охрид и за градоначалникот Александар Петрески секое прашање за сомнителните трошења на буџетот на Општина Охрид, секоја кривична пријава за него и неговите блиски и секоја откриена лага и лажно ветување преставува заморување на јавноста. На ниту едно прашање кое се должни да го одговорат пред јавноста со години не дале никаков одговор криејќи се зад излитени фрази, навреди и флоскули со ниско недоветно ниво. Со тоа избегнување на одговорите всушност признаваат дека секое прашање е на место, секој наш аргумет е потврден и дека тие сакаат само да ја сокријат вистината која за нив е поразителна, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што велат од општинскиот комитет, во борбата за правдата, вистината и излегување на виделина на сите злоупотреби никогаш нема да чувствуваат замор ниту тие, ниту граѓаните на Охрид .