Од општинската ВМРО ДПМНЕ со честитка до граѓаните по повод празникот 7 Ноември-Денот на ослободувањето на Охрид.
– Овој ден не потсетува на решителноста и одлучноста и поржтвуваноста на нашиот народ во стремежот за слобода низ вековната, макотрпна и пожртвувана борба на нашите предци за достигнување на крајната цел конечно ослободување на градот Охрид. Симбол на непокор, патриотизам и правда. Со чествувањето по повод денешниот празник, ние се присетуваме на херојските подвизи на борците против фашизмот, како завет дека нивните херојства и жртви никогаш нема да бидат заборавени а слободата за која се бореле ќе ни биде вечна. Слободата на нашиот град, извојувана со натчовечки напори и големи жртви никогаш не смее да биде изгубена. Тоа е наш долг кон нашите претци и наш завет кон нашите поколенија, се наведува во честитката од ОК на ВМРО ДПМНЕ.
По тој повод, делегација на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид им оддаде достојна почит на борците за слобода со положување свежо цвеќе на спомениците на славните охридски револуционери од НОБ.
OhridNews












