ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, како партии кои ја добија најголемата доверба на граѓаните, одлучија да формираат ново парламентарно мнозинство, се вели во заедничкото соопштение на партиите.

Согласно своите прогрмаски определби и изборни ветувања партиите одлучиле главни приоритети на идното владино делување во наредниот период да бидат евроатлантските интеграции, како и економскиот развој на земјата, изразен преку реформи и проекти за подобрување на економската и социјалната состојба, нови работни места и инвестиции, се наведува во соопштението.

„Преговарачките групи на двете партии продолжуваат да работат на усогласување на принципите врз основа на кои ќе функционираат партнерите во владата како и за поделба на ресорите.“ – велат од партиите.

Оттаму потенцираат дека при договарањето на оваа коалиција, во предвид се зел интересот на граѓаните, како и контекстот на времето и моментот во кој се наоѓа Република Македонија, регионот, но и пошироко.

OhridNews