ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ освоија најмногу места во Советот на Општина Охрид. Според првичните информации на Државната изборна комисија – ДИК, коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ освои 13 мандати во советот на град Охрид кој брои 23 членови. СДСМ и коалцијата освои 5 мандати, ЗНАМ 2, Левица 1, Демократската пшартија на турците 1 и ГИ Р. Хода 1.

ВМРО ДПМНЕ и коалицијата имаат апсолутно мнозинство во Советот на Општина Охрид

ВМРО ДПМНЕ и коалицијата на вчера одржаните локални избори за членови на совет во Охрид освои 12 680 гласа или 48,92 отсто од вкупниот број избирачи во општината. Овој резултат на ВМРО ДПМНЕ е подобар во однос на локалните избори во 2021 година кога коалицијата предводена од оваа партија во Охрид освои 10 693 гласа.

Следат СДСМ и коалицијата со 4 637 гласа или 17,89 проценти што е најслаб резултат на партијата до сега во Охрид. За споредба СДСМ на претходните локални избори за совет пред 4 години во Охрид освои 8 731 глас. ЗНАМ има 2 116 гласа (8,16%), Левица 1 372 (5,29%), ГИ Рушан Хода – 970 (3,74), Демократска партија на Турците – 929 (3,58%) и.т.н.

Г.М.