Советничката група на ВМРО ДПМНЕ ја обвини локалната самоуправа дека не ги решава проблемите на граѓаните и неодговорно се однесува кон трошењето на средствата и задолжувањата. Ваквиот заклучок советниците на ВМРО ДПМНЕ го темелат врз основа на одговорите што тие ги добиле на вчерашната седница на Советот  на Општина Охрид на која единствена точка на дневен ред беа советнички прашања. Тие побараа одговор за: Запрената постапка за избор на членови на  Урбаните заедници од страна на Градоначалникот ;  -Состојбата на водоснабдителен и канализационен систем во Лескоец ; -Причините за несанирање на патиштата и улиците во селата Велгошти,Лескоец,Р.Новичиќ и 15 Корпус; – Статусот со изградба на патот до црквата Св.Никола во Велгошти; -Кочењето на локалната за изградбата на спортските игралишта и помагање на прволигашот ФК Охрид-; интересите за поставувањето на урбана опрема на Сараиште и покрај одлуката за заштита на тој простор; како и за други актуелни прашања и политички изјави и ставови на градоначалникот и претставниците на локалната самоуправа.
– Советничката група на ВМРО ДПМНЕ генерално е незадоволна од одговорите на Градоначалникот затоа што тие беа полни со нелогичности, манипулации и недостатоци , што покажа дека Локалната самоуправа Охрид незнае и несака да ги исполни барањата на граѓаните на Охрид кој евидентно тоне во финансиски колапс од неисплатени побарувања и задолжувања, велат советниците на ВМРО ДПМНЕ.

Од локаната самоуправа се изненадени од односот на советниците од ВМРО- ДПМНЕ. Посочуваат дека на вчерашната седница на Советот на Општина Охрид  тие добиле одговори на поставените прашања од Градоначалникот Александар Петрески и од локалната администрација, но наместо на седницата, со соопштение и се обраќаат на јавноста дека не биле задоволни од дадените одговори.

– Очигледно во  ВМРО- ДПМНЕ продолжуваат со старата практика  вината за многу нешта , кои граѓаните на Република Македонија ги однесоа на дното на социјалната издржливост, наместо  кај себе , да ја бараат кај други. Наместо да го запрашаат нивниот лидер Никола Груевски, зошто  во текот на неговото владеење ништо не направи за Охрид, тие постојано вината за нивното лажење на охриѓани ја бараат кај Градоначалникот Александар Петрески, велат од Локалната самоуправа.

OhridNews