Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денеска остро го осудија инциденот што се случи на фудбалски натпревар во Косово, на кој било запалено македонското знаме и бил истакнат транспарент „2012 не е крај на светот, туку е крајот на МАКЕДОНИЈА“.
 
Според ВМРО ДПМНЕ таквиот чин не оди во насока на подобрување и европеизација на односите на Балканот.

СДСМ пак, смета дека палењето на македонското знаме на фудбалски натпревар не оди во прилог на развивање на добрососедските односи на Македонија со Косово и претставува ризик за будење на стариот балкански радикализам, кој одамна требаше да остане минато.
 
И двете партии очекуваа соодветна реакција на косовските власти.

Инцидентот за кој постои видео запис, а веќе се објавени и фотографии, се случил на натпревар меѓу косовските клубови Лепенци и Дрита.

OhridNews