Партијата Левица на претстојните локални избори во Општина Струга за градоначалник ја кандидира актуелната пратеничка во Собранието на Република Македонија, Јована Мојсоска – и генерален секретар на Левица.

Нејзиното искуство, политичка активност и лична посветеност се гаранција дека ќе го брани јавниот интерес и ќе понуди вистински решенија за проблемите со кои се соочува Струга, објави Левица.

Најголемите политички партии во македонскиот блок, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, на локалните избори во Струга нема да имаат кандидати за градоначалници,. што се толкува како поддршка на нивните коалициони партнери во албанскиот блок ВЛЕН и ДУИ.

Г.М.