Лутите политички противници ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, најверојатно постигнале договор за заеднички настап на претстојните локални избори во општините Стругa и Кичево.
Иако договорот се уште не е официјализиран, од извори во партиите дознаваме дека во Струга СДСМ ќе го поддржи кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ д-р Владо Косочски, а се подготвува и заедничка кандидатска листа за советници на двете партии. Сличен договор се најавува и за Кичево.
Во ограноците на двете политички партии во Струга се претпазливи и засега се воздржуваат од давање изјави со кои ќе ги потврдат ваквите информации, но ниту ги демантираат.
Крајниот рок за доставување листи на кандидати за градоначалник и советници истекува вечерва на полноќ.