
„Ние нудиме листа на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата составена од изградени личности во своите професии,личности со титули, личности кои помагале и се бореле за Охрид и личности кои се широко препознатливи во заедницата.
Штета е само што како понуда за иднината на листата на СДСМ ги гледаме истите личности препознатливи само по гласање на Детални Урбанистички планови, личности кои 4 години во Советот не презбореа ниту еден единствен збор , личности препознатливи само по свои инкриминирани досиеа, личности препознатливи по носење на штетни и голем дел незаконски одлуки за Охрид. Навистина е некоректно и лицемерно истите тие денес да зборуваат за љубов кон Охрид .
Без разлика на тоа ние ќе продолжиме со фер кампањата за презентацијата на нашите визии и проекти за Охрид сигурни во тоа дека граѓаните ја препознаваат разликата и дека со поддршка на нив ВМРО ДПМНЕ ќе го има следниот градоначалник на Охрид д-р Никола Бакрачески и убедливо советничко мнозинство кое конечно ќе носи правилни одлуки во интерес само за Охрид!“.-стои во соопштението на ОИШ на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија.











