На вонреден конгрес во Валандово денеска делегатите на ВМРО-ДПМНЕ бираат нов претседател на партијата. Единствен кандидат за претседател е Христијан Мицкоски.
Конгресот почна вчера доцна попладне, а од 544 делегати, присуствуаа 411, со што исполнета е обврската од членот 18 од статутот на партијата, според кој може конгресот да работи, односно да се присутни најмалку две третини од вкупниот број делегати или најмалку 363 делегати.

Синоќа од Валанодо претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски порача дека важно е да се насочат кон напредна и просперитетна Македонија, а предуслов за тоа, како што рече, е рушење од власт на СДСМ.

„Треба да имаме мирен и транспарентен конгрес, треба да се донесат мудри и рационални одлуки“, изјави Груевски.

Ваквата порака тој ја испрати на почетокот на вонредниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на кој се бира негов наследник, по неотповикливата оставка која што неодамна ја поднесе на лидерското место.

OhridNews

Макфакс