Членови и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ – Охрид вчера попладне ја блокираа крстосницата на булеварот „Туристичка“ кај „Охридска банка“ во знак на револт за притворањето на членови на партијата за немилите настани во македонското собрание на 27-ми април. Претходно, советниците на ВМРО ДПМНЕ утрото ја бојкотираа расправата во советот на општина Охрид.