ОК ВМРОД ДПМНЕ, денеска официјално ја отвори канцеларија од каде ќе бидат координирани активностите на кандидатот за градоначалник на оваа партија на претстојните локални избори.


Канцеларијата се ноѓа во строгиот центар на градот во комплексот Летница.


Според најавите тука ќе се одржуваат прес конференции, брифинзи и средби со медиумите и ќе се координираат изборните активности на партијата.


Локалните избори се закажани за 24 март, а изборната кампања кога е дозволена промоција на кандидатите за градоначалник и за членови на советот започнува на 4 март.

OhridNews