Локалната самоуправа води селективна борба со дивоградбите, обвинува ВМРО ДПМНЕ по акцијата на улица „Марко Нестороски“ во која беа приведени тројца градежни работници.

Градоначалникот Константин Георгиески собра храброст, па реши ќе спроведува закон со тоа што се приведени тројца градежни работници. Со тоа покажува дека Локалната самоуправа делува селективно и е определена да се справува само со обичниот граѓанин. Георгиески да одговори каде беше кога со месеци го молеа охриѓани, невладини организации, новинари, политички партии да спроведе Закон и да ги спречи нелегалните градби низ целиот град? Зошто дозволи да се изградат дивоградбите низ градот, бетонската база, угостителскиот објект кај Чинарот, хотелот во Лагадин, минарето низ чаршијата и тогаш не ги спречи работниците како сега? Или тогаш Георгиески беше при очи слеп и при очи глув, или пак тоа е цената за изборната победа? – прашуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Време е Законот да почне да важи подеднакво за сите, порачуваат од ВМРО ДПМНЕ.

OhridNews