Не ма ништо од силно најавуваната изградба на патниот правец Струга – Ќафасан, велат од ВМРО ДПМНЕ. Опозицијата го критикува министерот за транспорт и врски, обвинувајќи дека не само што нема пат, туку и ништо не се гради на оваа делница.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески деновиве изјави дека интензивно се работи на патот Струга-Ќафасан. Не само што не се работи и гради, туку како што гледате на сликите, после повеќе од 6 месеци чекање на семафор, ,,се изградија” цели 14.4 метра од патниот правец и со тоа, сите ние се уверивме во “способноста” и “посветеноста” на Владата и нејзините министри. Затоа го повикуваме министерот за транспорт и врски, да дојде што поскоро и со труби, тапани, ора и чочеци, свечено да ги пушти во употреба овие 14.4 метри од патниот правец. За едно сме сигурни, а тоа е дека оваа власт е способна само за помпезни прослави, притоа трошејќи ги државните пари. А народот и неговите основни потреби ќе мора да почека некои подобри времиња. – стои во реакцијата на ОК ВМРО ДПМНЕ – Струга.

OhridNews