Од општинската ВМРО ДПМНЕ со критики до актуелната локална власт за безидејност, неработење, неодговорност и негрижа за охриѓани и нереализирање на ветени проекти.

  • Нема ништо од изградба на катни гаражи во централното градско подрачје и изведба на кружен тек на сообраќај кај автобуската станица. До каде се поведувањето иницијативи за изградба на експресен пат Охрид-„Свети Наум“ и изградба на обиколница Мауцкер-Косел? Го повикуваме в.д градоначалникот Георгиески да се фотографира со дел од лажните ветувања како што се комплетното инфраструктурно уредување на улица „Абас Емин“ и асфалтирањето на улица „Прва македонска ударна бригада“, рече на денешната прес конференција Перчо Божиновски, шеф за комуникации во ОК на ВМРО ДПМНЕ.

Според Божиновски, фотографирањето на вд градоначалникот покрај, како што вели, малите градежни зафати низ градот, не е ништо друго туку празен маркетиншки трик пред претстојните локални избори.

OhridNews