Од општинската ВМРО- ДПМНЕ со реакција во врска со вчерашната прес конференција за рампите од паркинзите, одржана од страна на претставник од локалната самоуправа.

– Во Општината Охрид не успееа да го научат и сосема јасниот начин на Комуникација со јавноста како Локална самоуправа на сите граѓани и она што значи разлика меѓу Кабинет на градоначалник , Општина и Сектор за односи со јавност на СДСМ, велат од ВМРО- ДПМНЕ.

Прашуваат како може службеник во општинска администрација и во име на Општината да говори на дневно политички и партиски теми и да поставува прашања кон партиски функционери.

– Тоа само потврдува дека службениците во Општина Охрид се плаќаат за да пишуваат текстови и поставуваат прашања кон ВМРО ДПМНЕ. Од ова може само да се заклучи дека администрацијата на Петрески е целосно партизирана и ставена во улога на адвокати на СДМС и нашите сограѓани кои се вработени во Општината се користат за создавање конфликти. Властодржците од Локалната, губејќи ја поддршката од народот и свесни за престојниот голем пораз, очигледно имаат инструкции да предизвикаат тензии меѓу граѓаните, ги злоупотребуваат вработените во Општината, ги носат насилно по митинзи на кои не знаат зошто се таму и ги малтретираат.Со ова свое нелогично и незаконско однесување целта им е и во Охрид да предизвикаат тензии, па потоа веројатно ќе се повикуваат на демократијата која сами ја нарушуваат, се наведува меѓудругото во реакцијата од општинската ВМРО- ДПМНЕ.

OhridNews