
Процедурата за избор на кандидат за градоначалник е во тек, а во најтесен круг се адвокатот Славко Котески, д-р Момчило Аврамоски и поранешниот претседател на огранокот на ВМРО ДПМНЕ – Струга, Крсте Миладинов.
Одлуката деновиве ќе ја донесе највисокото партиско раководство, а јавноста во Струга очекува тој да биде единствен кандидат на македонците. Таквата идеја како што дознава Ohridnews ја подржуваат и голем број невладини организации кои побарале од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ да се оди со еден кандидат на локалните избори.












