Со Одлука на  Владата на Република Македонија , на Општина Охрид и се доделува еден новопроизведен двокатен автобус од отворен вид. Оваа одлука ја поздрави општинската ВМРО ДПМНЕ, која најави дека на идната седница на советот ќе иницира гласање за прием на автобусот.

„Сметаме дека еден ваков подарок ќе биде од голема корист за Охрид како туристички град затоа  што евидентен е недостаток но и потребата од  ваков панорамски автобус со кој би се превезувале туристите низ Охрид. Секако дека овој автобус кој има отворен дел и кој брои 60 седишта  ќе овозможи и организација на тнр.сигхт сееинг тури низ Охрид и околината, истиот ќе се брендира во контекст на Охрид  и ќе ја збогати туристичката понуда а со тоа и приходот од туристичките  движења  низ градот. 

Заради тоа и јавно а и институционално на следната седница на Совет ќе бараме да се постави точка на дневен ред за донесување Одлука за прием во сопственост на двокатниот автобус после која Одлука Општината ќе склучи договор со Министерство за Транспорт и Врски за превземање, а истиот тој да се користи во туристички цели и за туристичка промоција.”-изјави Дејан Пановски, координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ.

OhridNews