ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид денеска на пладне ќе одржи прес конференција на тема „Работата на локалната самоуправа“, соопшти партиската прес служба.

Оттаму информираат дека на прес конференцијата ќе биде потпишан и меморандум за разбирање со Сојузот на Ромите од Охрид  за поддршка на кандидатот за претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кандидатот за градоначалник на Охрид, Кирил Трендафилов – Нанче и листата за советници на ВМРО-ДПМНЕ.