– Целта е граѓаните да не бидат жртви на лагите за наводна услуга од страна на градоначалникот Петрески и на локалната самоуправа. Неискрените намери станаа поочигледни и со обидот за манипулацијата со вистината во вчерашната реакција на кабинетот на Петрески. Напротив , Петрески и надлежните во локалната самоуправа треба да одговорат- зошто досега не го спровеле процесот на легализација на дивоградбите, туку го чекаа предизборието за да манипулираат со барањата на граѓаните, велат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму, додаваат дека и понатаму стојат на ставот дека ќе ги поддржат подеднакво сите барања на граѓаните во процесот на легализација на дивоградбите во Охрид, но тие не смеат сега да бидат манипулација во изборниот процес.