Одбиено барањето на општинската ВМРО- ДПМНЕ доставено до локалната самоуправа за користење на спортската сала „ Атина Бојаџи“ за презентација на изборната програма на кандидатот за градоначалник, д- р Никола Бакрачески, предвидена за во среда, 13- ти февруари.

Како што информираат од ВМРО- ДПМНЕ, во писменото образложение од локалната самоуправа било објаснето дека спортската сала не се издава за собири и настани од политички карактер.

– Сметаме дека тоа претставува недемократски чин, на граѓаните да им се оневозможи во што поголем број да ја видат програмата која наредните четири години ќе ја реализираат ВМРО-ДПМНЕ  и градоначалникот Бакрачески. Од што се плаши Петрески? Оваа програма граѓаните секако ќе ја видат, изјави денес претседателот на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, Атанаско Михаилов.

Тој смета дека одбивањето од локалната самоуправа е класична блокада поради стравот и паниката кај градоначалникот Александар Петрески.

OhridNews