
– Имено, тогашната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа од Европската комисија во рамки на ИПА-фондот за рурални инвестиции за реконструкција и развој, преку Проектот за подобрување на општинските услуги МСИП да добие грант-средства преку кои овозможи општините во Република Македонија да ги користат за изградба на инфраструктура. Општина Охрид аплицираше на тој повик и доби средства за реконструкција на локалниот пат од с. Косел до с. Вапила. Повикот за понуди може да се види на следниот линк: хттп://охрид.гов.мк/индеџ.асп?ПодатоциИД=6360, а целата постапка околу избор на изведувач беше завршена непосредно пред оддржување на локалните избори. Претходно, за потсетување Локалната Самоуправа предводена од градоначалникот Никола Бакрачески со силна поддршка од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ги реконструира патните правци: с. Вапила до с. Ливоишта и од с. Вапила до с. Сирула. Со реконструкцијата на овој патен правец од с. Косел до с. Вапила практично завршена е комплетната реконструкција на оваа делница благодарение на политиките на ВМРО-ДПМНЕ. – велат од оваа партија и прашуваат зошто цели шест месеци граѓаните на овој дел од општина Охрид да чекаат да се асфалтира патот?
OhridNews











