– Груба манипулација од најнизок вид е обвинувањето дека ВМРО- ДПМНЕ вршел притисок врз медиумите на локално ниво . ВМРО ДПМНЕ максимално ја почитува слободата на медиумите и никогаш не вршела никаков притисок кон ниту еден медиум , ниту поднела тужба кон било кој медиум. Таквите методи се својствени на безнадежниот СДСМ, стои во реакцијата.
Ваквиот прес на општинската организација на СДСМ е непобитен доказ дека СДСМ Охрид е длабоко вмешан во целата оваа конструкција со таканаречени списоци и дека логистиката на целата конструкција е токму од нивните редови. “Канибалите” од СДСМ немајќи ни идеја, ни програма се пресметуваат со своите сограѓани и објавување на нивни лични податоци, стои меѓудругото во реакцијата на општинската ВМРО- ДПМНЕ.