Вистината секогаш излегува на виделина. Најчесто сама чисто како сопствена грешка. Целата вистина за Охрид и Александар Петрески излезе во неговото лично интервју.-се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.
-Во самото интервју Петрески притиснат од аргументираните критики јасно ги призна грешките кон Охрид од своето 8 годишно владеење . Фактот дека бара мандат за ревизија на своето работење е признание на уништувањето на Охрид што му го приреди. Притоа ова признание во никој случај нема даму биде алиби ,а ревизијата ќе му ја направат стручните институции веднаш по заминувањето од позицијата Градоначалник на 24 Март.-стои во реакцијата.
Во неа уште се додава дека политички мандат на избори се бара врз основа на веќе создадени и спроведени дела, а не се бара за нереализираните ветувања.
-Политички мандат се бара за успешност а не за тотална неуспешност и неспособност. Мандат се бара за вистина а не за лаги и манипулации. За 8 години Петрески не направите ништо за развој на градот и поради тоа треба да му е срам да се појави на улица,а не да бара повторно мандат. Да бара мандат а да нема ни во сопствено интервју да се пофали со ниедно единствено дело за Охрид е понижувачки однос кон сограѓаните. За неспособност на Петреки се некој друг му е виновен. И Владата, и ВМРО ДПМНЕ и соработниците. На крај веројатно Петрески има проблем со расудување кога вели дека се што ветил ,остварил , но со неговото расудување и однос има проблем цел Охрид. -се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.











