Со хепенинг во Општинскиот комитет што се одржа на полноќ, ВМРО ДПМНЕ ја започна предизборната кампања за претседателските и локалните избори 2009 година.

На почетокот на кампањата беа промовирани изборните слогани и рекламните плакати на кандидатот за претседател на државата, Ѓорѓе Иванов, и на кандидатот за градоначалник на Охрид, Кирил Трендафилов – Нанче.


Денеска ВМРО ДПМНЕ ќе одржи прес конференција, а првиот ден од предизборната кампања партијата ќе го заокружи со голем мититинг на градскиот плоштад во Охрид во 19 часот.

Ohridnews