Од општинската ВМРО ДПМНЕ ги повикуваат надлежните институции СВР Охрид, Градежниот инспекторат, Јавното обвинителство и градоначалникот Јован Стојаноски да се водат согласно законите и веднаш и правично да постапуваат по пријавата на граѓаните за дивоградба, со што ќе докажат на дело дека се борат за владеење на правото и правната држава и живот за сите.
– СДС ветија дека ќе се залагаат и ќе раководат според законот и волјата на граѓаните, а не да се кријат зад временскиот период во кој уште не се достапни за проблемите на граѓаните, велат од ОК на ВМРО ДПМНЕ.
Дописот од ОК на ВМРО ДПМНЕ е поврзан со изградба на објект на улицата ,,Стив Наумов” во Охрид во Петтата Урбана Единица, за кој бараат надлежните веднаш да излезат на терен со цел да се констатира дали градбата има потребни дозволи за градење, во спротивно да се спречи дивоградбата.
– Дали криминалот е над законот за да владеат корупцијата и личните интереси? Дали со ова повторно се навраќаме на времето на владеење на анархија, самоволие, криминал и корупција? Дали негрижата за охриѓани ја гледаме на дело и е тоа што го ветувавте или и понатаму охриѓани се само важни само во време на избори? По доаѓањето на СДС на власт животот во Македонија и Охрид како тие што најавуваа не дојде за граѓаните. Животот дојде само за нив. На граѓаните им се потребни институции кои ќе ги решаваат нивните проблемите и ќе работат во нивен интерес. Тоа го вети и новиот градоначалник Јован Стојаноски што сега треба да го исполни, велат од ВМРО ДПМНЕ Охрид.
OhridNews












