Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ – Охрид ќе се придружи на протестите што партијата ги организира низ целата држава. Според најавите во четврток членовите и поддржувачи на ВМРО ДПМНЕ ќе ја блокираат најпрометната крстосница во градот.
-ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид во знак на револт и протест против уривањето на демократијата и правната држава, против монтираните процеси и политички прогон, информира дека утре, 21.12.2017 (четврток) во периодот од 15:45 часот до 17:30 часот ќе го блокира кружниот тек кај Охридска Банка како поддршка за уставобранителите. – стои во соопштението испратено до медиумите.
OhridNews












