Народна со своите гласови и делување во Советот на Општина Охрид на претходната Локална самоуправа, е еден од најголемите виновници за огромните штети врз Охрид направени пред се од нивните пазарења за лични интереси, стопи во дописот од ВМРО- ДПМНЕ по денес изнесените обвинувања од страна на ВМРО- Народна партија.
– Персоните од Народна се всушност алката и на урбаните криминалии на претходната Локална власт во Охрид во кои и сами индивидуално се инволвирани. Веројатно стравот од отворање на вистинита ги тера да измислуваат теми за соопштенија со кои само ја замараат јавноста. Воедно нивното коментирање на состојби по нивно видување во ВМРО ДПМНЕ е само обид за додворување кон ВМРО ДПМНЕ со затскриена агенда за сопствено спасување. Од тој аспект им порачуваме дека го отфрламе секој нивни таков интригантски обид. Исто така ги потсетуваме дека Народна во Охрид е дел од лузерската коалиција која катастрофално загуби на последните избори, велат од ВМРО- ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека сите оние кои го уништувале Охрид ,како што велат, меѓу нив и Народна , го прочитале мислењето на граѓаните дадено на 24.Март.
– Како сериозна и најбројна партија ќе се занимаваме со нив дури тогаш кога ќе добијат барем минимум легитимитет ,не криејќи се зад тнр.коалиции или кога ќе освојат пратеник во македонскиот парламент. Сега имаме премногу работа да ги санираме последиците на штетите врз Охрид нанесени од нивното делување, велат од општинската ВМРО- ДПМНЕ .
OhridNews