Безидејноста на десното крило на СДСМ, т.н. Народна партија, продолжува секојдневно да ја манипулира јавноста. Познавајќи го историјатот на делување на Народна партија, воопшто не не зачудува нивната промоција и поттик на беззаконието, на немањето на фискална дисциплина и на немањето одговорност кон градот и државата, стои во реакцијата на ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид, по повод денешната прес-конференција на ВМРО-НП.

„Основите на државата се законите , нивното почитување и казнените одредби кои се предвидуваат во секој еден закон. Доколку нема прекршување на законот, нема ни казнени дејствија. Тоа е основен принцип на правото во секоја земја и основа на европската демократија . Европа сега не се достигнува со политики на стимулирање на беззаконие.“ – велат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Оттаму потенцираат дека ВМРО-НП паднала на европскиот испит, само еден ден после објавувањето на нивниот слоган.

„ВМРО ДПМНЕ е решено да ја почитува законската регулатива, да ги почитува законските норми кои се столб на државата и од тоа нема отстапување. Оние што пропагираат безакони како Народна и СДСМ паѓаат на тој испит неколку години по ред, ќе паднат и на априлскиот изборен испит. И тоа токму заради нивната промоција и поддршка на беззаконието со кое веќе му нанесоа огромни штети на Охрид како град со кој до пред неколку месеци катастрофално владееа.“ – стои во реакцијата на ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

OhridNews