ВМРО ДПМНЕ со соопштение одговара на обвинувањата на СДСМ дека во неколку оддленија во охридската општа болница нема греење.

-Да изјавувате дека ситуацијата е драматична во време кога конечно интензивно се инвестира за подобрување на јавното здравство, во најмала рака значи непочитување за сите оние професионалци кои ги вложуваат своите животи за да ги спасат животите на останатите граѓани на Охрид и Македонија. Ужасно е кога ќе потрошите десетици прес-конференции и часови во пишување соопштенија за дискредитација, а наспроти Вас зборуваат делата. Наспроти Вас стои реновираната Општа болница, опремена со најмодерна технологија за дијагноза и лекување, стручен кадар и услови за лечење какви немаат граѓаните на некои од најбогатите земји во Европа. Непријатно е чуството кога спроти вашите неосновани атаци зборуваат работата на Заводот за кардиоваскуларни заболувања и Специјалната болница за ортопедија и трауматологија, каде доаѓаат луѓе од странство за да се лекуваат. Тоа ли е драматичната состојба за СДСМ? – стои во соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ – Охрид.

Оттаму уште додаваат дека се градат нови болници од почеток и се реновираат старите, се обновува распаднатата апаратура од времето на комунизмот и неговите наследници, медицинскиот персонал се праќа на задолжителна дообука и стручно усовршување во некои од најпознатите здравствени установи во светот, се воведоа новини во функционирањето на прегледите, проектот „Мој термин“ постепено станува еден од најуспешните проекти на Владата во делот на здравствената заштита. Кога се сака – се може.

OhridNews