Додека портпаролот на СДСМ – Охрид се сонча и место него друг држи прес, екипи на ЈП „Градски гробишта“ веќе два дена работат на уредување на гробиштата од невремето. Безобразно и нехумано е да се користат верски празници или невреме за да ја критукувате неосновано хигиената и чистотата на градските гробишта, се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ на критиките на СДСМ дека охриѓани плаѓаат најскапи услуги за одржување, а имаат неуредени гробишта.
Непобитен факт е дека јавното претпријатие е со целосно намалени дневници и службени патувања и репрезентација. СДСМ Охрид е најкриминална партија затоа што го остави ЈП „Градски гробишта“ со долг од 1 000 000 денари. Зборувате за човечко достоинство, а по налог на вашиот џелат во образование извршивте ексхумација, без нималку срам и почит откопавте гроб. Продававте над 250 гробни места, наплатени, но никогаш не се изработени за кои граѓаните плаќаа 80 000 до 100 000 денари. Критикувате без аргументи, а заборавате дека не дозволувавте закоп на покојници сè додека не се плати целосно гробното место. – стои во реакцијата на ОК ВМРО ДПМНЕ – Охрид.
Охриѓани гледаат дека во Охрид се работи домаќински и посветено како од страна на Локалната самоуправа, така и на раководствата и вработените во јавните претпријатија, се додава во партиското соопштение.
OhridNews
СДСМ Охрид: Со ВМРО ДПМНЕ не може човек достоинствено да си го обезбеди ниту вечното почивалиште











