
-Петрески ветуваше „воведување на ИСО стандард (9001:2000) за квалитет на услугите на локалната администрација“. Дали човекот што „остварил повеќе од што ветил“ го оствари тоа ветување. Петрески ветуваше „обнова на локалниот весник „Езерски глас“. Петрески ветуваше „поддршка на институционална рамноправност на Египјаните“. Петрески ветуваше „оптимизирање на ресурсите на локалната администрација“. Петрески ветуваше „воведување целосна транспарентност во работењето на локалната администрација. За медиумите Петрески ветуваше „финансиска субвенција збогатување на медиумискиот простор со локални печатени медиуми“. На крај, пред избори, лично Петрески посака јавни куќи во Охрид. За жал, вистина е дека не само што Петрески не остварил повеќе од што ветил, туку Петрески не остварил ништо од тоа што го ветил, рече Секулоски.
Тој додаде дека изјавите дека Петрески го раздолжил Охрид се доказ дека некој залутал во просторот и времето.
– Петрески се раздолжи само делумно кон „Гранит“ (нека објасни од кои причини и како ) за од друга страна да ги зголеми долговите на Охрид по многу други основи. Затоа на Охрид му треба нова општинска администрација. Охрид не смее никогаш повеќе да дозволи да биде воден од човекот кој со својот збор и однесување насекаде го срами Охрид, не смее никогаш повеќе да биде воден од човекот кој преку Општина Охрид гледа да ги задоволи само личните интереси, свои, и на малечка група таканаречени „инвеститори“. Охрид нема повеќе да биде воден од човекот кој не исполни ништо од својата сопствена изборна програма и не направи ништо капитално за Општината. Охрид не смее никогаш повеќе да биде воден од човекот кој што нема срце за градот но има срце во џебот. Охриѓани повеќе нема да се идентификуваат со вакви луѓе, истакна Секулоски.











