Од Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ го поздравуваат именувањето на Томислав Тунтев за претседател на Општинска организација на СДСМ Охрид.

– После големиот пораз на последните локални избори при што значајна улога имаше координаторот на советничката група на СДСМ и заменик на поразениот градоначалник, ваквата промена на политичката сцена е навистина добредојдена, велат од општинската ВМРО- ДПМНЕ.

Оттаму со став дека новоименуваниот претседател на СДСМ бил главен креатор на политиките на Петрески, главен креатор на донесувањето на штетни одлуки од урбана и финансиска сфера во Охрид и главен креатор на задолжувачките политики на Охрид.

– Тоа кажува дека СДСМ ниту се менува, ниту има намера да донесе нешто ново на политичката сцена. Истите ликови кои ги нанесоа штетите врз Охрид со своите одлуки и не се баш некоја иднина за Охрид, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

OhridNews