„Уште еднаш се потврдија сознанијата дека има криминал во работењето на Општина Охрид. Пред нашите очи се врши деградација на централното градско подрачје, деградација на секоја педа слободно атрактивно земјиште, непоправливо унишутавање на ликот на Охрид заради интерес на сомнителна група на таканаречени „инвеститори“. Дали ова се прави и заради личните интереси на досегашниот градоначалник на Охрид Александар Петрески?“-изјави портпаролот на ОИШ ВМРО ДПМНЕ – Охрид, Јованчо Секулоски на денешната редовна прес конференција.

Тој кажа дека партијата дошла до договор склучен во октомври 2008 помеѓу три градежни фирми во Охрид, од кои едната е претставувана од лице активно вклучено во кампањата на Александар Петрески кое тој го претставувал како свој шеф на кабинет.
„Предмет на овој договор е купопродажба на два стана во Струга со квадратури од 72, 9 м2 и 72,8 м2, на атрактивно место во градот, покрај самото Охридско Езеро.
Двата стана имаат цена од 85, 963 Евра. Интересно е што целиот износ се исплаќа на денот на потпишување на договорот по пат на компензација.
Јавно прашуваме – дали има врска помеѓу овој договор и неплатениете побарувања на оваа компанија со Општина Охрид.
Која е врската на овој договор со изградбата на станбена зграда на улица „Димитар Влахов“?
Која е врската на овој договор со добивањето на маркица од Општина Охрид за оваа локација?“, праша Секулоски.
Тој рече дека материјалите со кои располага ВМРО ДПМНЕ, ќе бидат доставени до Министерството за внатешни работи за до крај да се расчисти овој случај.











