Тешка лага и манипулација е дека стручни наставници и професори биле отстранети од образовниот процес во училиштата во Охрид, одговараат од општинската ВМРО-ДПМНЕ по обвинувањата на СДСМ дека денес, од основните и средни училишта во Охрид, се отстранети 60- на наставници и професори од образовниот процес.
– Единствената промена се однесува на оние кадри кои биле времено ангажирани со договор на одредено време и за кои рокот на временото вработување заврши.Сите наставници и професори се на своите работи места, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека СДСМ, треба да престане со невистини и лаги да ја манипулира јавноста.
– Образовниот процес во Општина Охрид почна беспрекорно ,со многу инвестирање во училиштата и во таков ритам ќе продолжи низ целата учебна година, затоа што за ВМРО ДПМНЕ образованието е врвен приоритет, велат од општинската ВМРО-ДПМНЕ.
OhridNews