
-Денес, сите ние ги чувствуваме последиците од еден мрачен период на Охрид кој беше проследен во осум години владеење на СДСМ. Период на тотален хаос во сите сегменти, од милионски долгови, до пренатрупана и неефикасна администрација, до урбанистички хаос и слично. Последица од која ќе треба со години домаќинско работење, како што тоа го прави Локалната самоуправа предводена од градоначалникот Бакрачески за да се исправи и анулира затекнатата состојба, велат членовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Тие потенцираат дека консолидирањето на трошоците и создавањето на ефикасна администрација е основа за подобрување на Локалната самоуправа.
– Кон тоа се стреми и целосно е посветена агендата на градоначалникот Бакрачески. Но каква била агендата на СДСМ и колкави биле трошоците за службени патувања на администрацијата во време кога СДСМ беше на власт во Охрид? Дали ќе бидете доблесни и да ги кажете бројките на потрошени средства кои сте ги користеле за службени патувања во периодот од 2005 до 2013 година? Бидете отчетни пред Вашите сограѓани и дадете објаснение во што граѓаните на Охрид увиделе корист од ваквите службени патувања и безцелно трошење на нивните пари?, прашаа од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму порачаа дека се додека СДСМ се занимава со отчетот на градоначалникот Бакрачески и Локалната самоуправа било јасно дека станува збор за дела, бидејќи ВМРО во целост ја покажала својата отчетност кон граѓаните на Охрид.
OhridNews











