Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ на првата прес-конференција по завршувањето на гласањето, порачаа дека очекуваат победа на локалните избори поради, како што велат, делата и кампањата, пренесува „Макфакс“.

Како што нагласи, овие избори ги следеле повеќе од осум илјади набљудувачи и немало пореметување на гласачкиот процес.
Во врска со посочените неправилности што ги забележаа набљудувачите, Димовски вели дека институциите ќе преземат соодветни мерки, доколку се докаже вистинитоста на тврдењата за овие нерегуларности.
OhridNews
извор: „Макфакс“











