Локалната самоуправа предводена од СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески заборавија што сè ветија дека ќе испорачаат во Баку, на УНЕСКО, на ветувањата на oхриѓани, обвини денеска на прес конференција Сашо Донев, претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Се прикрија зад Акцискиот план и спокојно уживаа гледајќи дивопоставени тезги на секој агол во центарот на градот и на бучната музика која доаѓаше од терасите и шанковите на блиските плажи, за кои ниту денар и годинава нема да е исплатен ниту во локалниот, ниту во централниот буџет. И додека во строгиот центар на градот познатите локални шерифи и коалициски партнери на локалнта власт рушеа објекти предизвикувајќи неподнослива бука и прашина, без никаква заштита и пред очите на илјадници туристи, само на стотина метри од домот на градоначалникот, дивите шанкови, платформи, тераси, бетонски станици и објекти останаа, се разбира нечепнати. – рече Донев. Очигледно е дека ама баш никој нема намера да ги спроведува препораките на УНЕСКО. Ќе завршат со сите активности со отсранување на последнта палма и толку, додаде тој.

Донев ја посочи и депонијата Буково која до средината на наредната година треба биде затворена и рекултивирана. Го критикуваше поставувањето на тампите и состојбата со такси превозот во градот, селективниот однос кон муштериите и начинот на наплата на поединци таксисти.

OhridNews